Во кинески ресторан во Женгжоу, кој се наоѓа во централната кинеска покраина Хенану, најубавите гости можат да добијат бесплатен оброк. По доаѓањето во ресторанот гостите се фотографираат, а потоа следува одлуката за најубавите. Но, одлуката не ја носат вработените во ресторанот, ткуку вработени во клиника за естетска хиругија кои избираат пет лица со најдобар изглед.

Минатата година еден ресторан во југозападна Кина нудел попуст за мажите со прекумерна тежина и за слабите жени. Иако повеќето корисници на кинеските социјални мрежи се забавуваат со ваквите понуди и реклами, на многумина тоа не им се допаѓа. Така еден од користинците на Веиб напишал дека идејата штети на самодовербата на гостите, додавајќи дека би му било драго доколку ресторанот набрзо се затвори. Еден пак оптимистички расположен гостин напишал дека сега ќе може бесплатно да јаде скогаш кога ќе го посети ресторанот.