Сите жители и посетители на Соединетите Американски Држави ќе имаат можност да го заситат својот глад со оброк меѓу облаците. Челичната конструкција на висина од 50 метри може да угости 22 лица. Посетителите мораат да стават сигурносен појас и можат да уживаат во храната и погледот.

Ресторанот работи осум часа на ден, но својата врата може да ја отвори и според желбите на посетителите. Во необичната и навистина интересна атмосфера настанот не може да биде уништен ниту од дожд, бидејќи има стаклен покрив кој ги заштитува гостите.