Њујоршкиот ресторан “Marlou end sans” има единствена понуда на своето мени, бидејќи на гостите им нуди да го напуштат објектот со чанта од кожата на животното кое ќе го изедат. Сопствениците на ресторанот смислиле необичен и оригинален начин како да им овозможат на своите гости да понесат нешто за спомен, а во нивната понуда има чанти од кравја кожа, кожа од коза и други животни кои се наоѓаат на менито.


Сопственичката на ресторанот изјавила дека сакаат нешто што на луѓето ќе им користи и после вечерата. Тие доаѓале, јаделе и заминувале со чантите како спомен и почит кон животното кое го изеле. Исто така во иднина планираат на гостите покрај чантите да им понудат и други предмети од кожа, како ремени, паричници, несесери и слично.