Еден ресторан во Северна Каролина налутил некои семејства, но истовремено им олеснил на дел од гостите, ставајќи знак на влезот „Нема да ги толерираме децата кои плачат“. Сопственичката на ресторанот изјавила дека знакот им донел повеќе корист отколку штета.
Тие всушност не ги исфрлале родителите со децата, туку едноставно ги замолувале да излезат надвор додека децата не се смират. Сепак некои од родителите многу се навредиле. Една од мајките изјавила дека не можете да сторите ништо кога децата ви плачат.