Процесот на дигитална реставрација на македонското аудиовизуелно наследство, е приоритет на Министерството за култура – ова вчера го изјави ресорниот министер, Елизабета Канческа-Милевска, при промоцијата на ДВД-едицијата со реставрирани филмови на режисерот Столе Попопов, во Кинотеката на Македонија.

Дигитализацијата претставува значаен фактор во развојот на културата, а со реставрација на филмовите на Попов, придобивка ќе добијат не само влубениците во македонската филмска уметност, туку и сите граѓани кои ќе имаат можност да се запознаат со филмската историја во земјава – потенцира министерката.

Реставрацијата која се одвиваше во текот на минатата година во Љубљана, опфати четири долгометражни и три документарни филмoви. Меѓу документарните филмови, кои ќе се најдат на едно двд издание, се „Австралија Австралија“, „Дае“ и „Оган“. На љубителите на македонскиот филм, им се нуди ексклузивно издание „ДиГи пак“ каде се ставени петте ДВД-а со сите седум реставрирани филмови и буклет кој содржи податоци за филмот, осврт и критички текст за творештвото на Попов.

Инаку, цената на ДВД-изданијата, ќе биде 500 денари за поединични дискови, односно 3000 денари за ДиГи пакот, додека првите 100 дискови ќе се продаваат со 50% попуст.

O.Т.