Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид заврши со реставрација на бедемот на Долни Сарај. Заштитата на овој значаен спомени на културата се одвиваше во неколку фази.
Реставрираниот бедем на Долни Сарај денеска ќе го посети министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.
Овој историски локалитет за време на Отоманската империја претставувал летен сарај на султанот, додека бедемите околу него датираат од постар период. Денес тој е отворена сцена на која се одржуваат разни манифестации.
OhridNews