Реставрацијата на два тоалети кои ги користат членовите на Домот на лордови и нивните гости, ќе го чини британскиот парламент околу 100 илјади фунти. Парламентарците навеле дека тоалетите се во неприфатлива состојба за една така важна институција и даваат јадна слика за Вестиминистерската палата.
Тие истакнале дека обновата на споменатите тоалети ќе биде изведена во склад со законот за заштита на спомениците. Предвидено било во тоалетите да се заменат „историските панели од дабово дрво“ и да се постави нова декорација.