Принудната пауза во ракометната Супер лига поради ширењето на коронавирусот заврши и од денеска повторно ќе се игра ракомет во Македонија.

Резултатите од тестовите на ковид -19 кај екипите се негативни и можат комплетно да се насочат кон натпреварите. Единствено што останува е исто, што мечевите ќе се играат без публика, како и претходно.

Завесата во Супер лига ќе ја кренат екипите на Охрид – Радовиш односно Астраион – Струга кои ќе ги одмерат силите во 18 часот и 30 минути.

За „гладијаторите“ ова ќе биде премиера во Охрид, бидејќи во првата рунда играа и победија на гостински терен кај Голден Арт КЛ7.

OhridNews