Сокот од вишни е најдобар лек против несоница, покажало истражување спроведено на Универзитетот Луизијана Стејт, бидејќи резултатите покажале дека испитаниците во неделите кога дневно пиеле речиси половина литар сок од вишни, спиеле просечно 84 минути подолго секоја ноќ.

Чудесните вишни се природен извор на мелатонин, хормон кој го регулира циклусот на спиење и будење, а имаат и висок удел на триптофанот, аминокиселина со слично делување.

Причината за ваквиот ефект се темноцрвените пигменти во вишните бидејќи содржат ензими кои ги смалуваат воспалителните процеси и разградувањето на триптофанот, кој така подолго делува во телото.

Ако не сте љубител на вишни и мислите дека тоа би ви било премногу, префрлете се на киви, тврдат кинески научници, бидејќи две киви еден час пред спиење го продолжуваат сонот за 13% и го намалуваат бројот на ноќните будење за речиси една третина, па на повеќето тоа ќе им биде доволно за добро да се наспијат.

 

извор: metro-portal.hr