На една рунда пред крајот на 19. сезона во македонската фудбалска лига, нема непознати. Новиот првак Шкендија првиот меч како шампион го заврши без победа 1-1 против соседот Ренова.
Пред седум илјади гледачи во Тетово, “црвено-црните“ поведоа со голот на Сали, а конечните 1-1 на стартот на вториот дел ги постави Јанчевски.
Генералната проба меѓу Металруг и Тетекс во првенството, пред финалето во купот заврши 1-1. Скопјани имаа еден час играч повеќе но не успеаа да го скршат отпорот на “штофарите“ кои со овај бод го осигруаа прволигачкиот статус и наредната сезона. Урошевиќ го отвори резултатот, Додевски ги “затвори“.
Турново го победи Силекс со 2-0, во меч во кој во двете полувремиња по еднаш погоди Чурлинов, додека во дуелот на “отпишаните“ Пелистер минимално го совлада Вардар со 1-0 со голот на Талевски уште во 2 минута.
Напредок на неутален терен во Кавадарци претпре пораз од Скопје со 3-1, со што прволигашката виза ќе ја бара преку баражот.
Најубедлвата победа ја забележа Работнички кој се истури врз Брегалница победувајќи со 7-0. Хет трик на Маневски, два пати погоди Велкоски, додека по еднаш Петровиќ и Петровски.
Резултати : Ренова – Шкендија 1-1, Металург – Тетекс 1-1, Пелистер – Вардар 1-0, Турново – Силекс 2-0, Напредок – Скопје 1-3, Работнички – Брегалница 7-0.
Табела :
место | екипа | одиграни | П | Н | И | голови | бодови | |||
1 | (1) | Шкeндијa | 32 | 21 | 8 | 3 | 63:21 | 71 | ||
2 | (2) | Металург | 32 | 17 | 9 | 6 | 46:22 | 60 | ||
3 | (3) | Ренова | 32 | 16 | 9 | 7 | 50:30 | 57 | ||
4 | (4) | Рaботнички | 32 | 15 | 10 | 7 | 53:29 | 55 | ||
5 | (5) | Силекс | 32 | 12 | 8 | 12 | 37:38 | 44 | ||
6 | (8) | Хоризонт Турново | 32 | 12 | 6 | 14 | 33:34 | 42 | ||
7 | (7) | Тетекс | 32 | 11 | 8 | 13 | 32:35 | 41 | ||
8 | (6) | Брегалница 2008 | 32 | 12 | 5 | 15 | 32:45 | 41 | ||
9 | (10) | Скoпje | 32 | 9 | 10 | 13 | 35:37 | 37 | ||
10 | (9) | Нaпредок | 32 | 10 | 7 | 15 | 30:47 | 37 | ||
11 | (11) | Вардар | 32 | 8 | 5 | 19 | 23:44 | 26 | ||
12 | (12) | Пелистер | 32 | 5 | 3 | 24 | 24:76 | 18 |