Фудбалерите на Тотал Фудбал од Ресен го освоија трофејот на детскиот турнир во мал фудбал во генерација 2004 година.


„Белите“ во финалето го совладаа тимот на Фер Плеј по изведување на пеналите, а на идентичен начин славеа и во полуфиналето над Академија Пандев.


Третото место на детскиот турнир во мал фудбал им припадна на „академците“ победувајќи го Еврофудбал со 2-0 во малото финале.


За најдобар играч беше прогласен Лука Мекиноски од Академија Пандев, а најдобар стрелец беше Мартин Георгиевски од Фер Плеј.


Со мечевите од 2002 година кои се на програмата в понеделник ќе заврши тридневниот детски турнир во мал фудбал по повот патрониот празник на градот „Свети Климент Охридски“.

Мх.П.