-Охрид е еден од најубавите светски градови, со отварањето на почесен Конзулат тука, го продлабочуваме братството и пријателството помеѓу двете земји. Конзулатот ќе биде куќа на сите охриѓани и на сите државјани на Република Македонија. –рече Давутоглу, нагалсувајќи дека отварањето на ова преставништво, само по себе ќе значи отворање на една нова динамика во економските односи помеѓу двете земји.
Почесниот конзул Абдураман Бајрактар рече дека со отварањето на еден ваков Конзулат ќе се збогатат, веќе богатите односи помеѓу Турција и Македонија.
-Дипломатското преставништво ќе има почесна функција, ќе работи по потреба и протоколарно. Тоа ќе овозможи да бидат олеснети односите и контатките со турските бизнисмени, кои во иднина ќе пројават интерес да инвестираат во Охрид и во Македонија.-рече Бајрактар.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, е задоволен што Република Турција отвори Конзулат во Охрид и изрази надеж дека тоа ќе биде потик и за другите земји да отворат Конзулатни преставништва тука.
– Знаеме дека Македонија и Турција имаат извонредни односи, како на политички, така и на економски план. Убеден сум дека со отворањето на Конзулатот, со влегувањето на ТАВ и на ИК банка во Охрид, уште повеќе ќе се збогатат тие меѓусебни односи, а особено во економијата-рече Петрески.
Тој нагласи дека отварањето на Конзулатот веќе го вродило првиот плод, односно дека со дел од турските претставници, било договорено, Охрид да биде претставен на Меѓународниот форум за економски развој што треба да се одржи во јуни, во Турција.