Во круговите на Европска Унија сознанијата за тајните преговори помеѓу руските и украинските генерали на клучни позиции претставуваат „зрак на надеж“, за прекин на војната во Украина, објави италијанскиот весникот Република.

Тие најдобро знаат како да го расплетат замрсеното воено клопче, наведе римскиот дневен весник.

Република истакнува дека „контактите меѓу овие офицери ќе им дадат одредена надеж на Европејците“, иако од Вашингтон доаѓаат процени од американските разузнавачки и безбедносни извори дека рускиот претседател Владимир Путин „се подготвува за долга војна“ во Украина.

Според италијанскиот весник во ЕУ со голема загриженост размислуваат како да се спречи разгорувањето и особено ширењето на војната во други области. Република истакнува дека Брисел се сомнева дека Кина веќе почнала да и испорачува оружје на Русија.

OhridNews