Полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на  24 / 25 Октомври 2008 година, во рамките на Републичката акциска контрола за поголема безбедност во патниот сообраќај, презедоа активности на поширокото станично  подрачје, првенствено насочени кон возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Во периодот од 22 часот до 04 часот, од страна на сообраќајната полиција беа контролирани вкупно 75 возачи на моторни возила.  Над 35 од нив беше извршено алкотестирање при што кај пет возачи беше утврдено присуство на алкохол во крвта. Истите, веднаш се исклучени од сообраќај и привремено им се  одземени  возачките дозволи. Од страна на службата, поднесена е една прекршочна пријава а издадени се четири платни налози за наплата на глоба.

СВР Охрид соопшто дека и во наредниот период ќе презема интензивни мерки  насочени кон сузбивање на сообраќајната деликвенција и кон подобрување на условите за безбедно одвивање на сообраќајот на локалните патишта и сообраќајници  низ градот.

извор: СВР Охрид

Ohridnews