Реприза на детската театарска претстава на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз“ со наслов „Лист, камен и ножички“ утре со почеток во 19.00 часот.
Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација. Новата 2024 година ja започнуваме со реприза на детската театарска претстава, велат.
Претставата ќе биде одиграна на малата сала, а цената на картата е 100 денари.
Инаку, Детското драмско студио „ДрамаКидз“ работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, целиот процес од почетокот го следат 21 члена, деца-актери на возраст од 9-14 години од сите училишта во градот.
OhridNews