Македонските репрезентативци за хокеј на трева ќе учествуваат на балканското првенство кое ќе се одржи во периодот од 19 до 22 овој месец во Варна – Бугарија. Нашите млади хокеари предводени од тренерот Ристе Јанкоски уште еднаш ќе ги одмерат своите сили со нивните ривали од балканот и ќе се борат да се закитат со еден од медалите на ова првенство.

Таму македонските репрезентативци ќе го отворат првенството напреварувајќи се со домаќинот – репрезентацијата на Бугарија.Овој натпревар е од огромна важност бидејќи победа во овој натпревар може да значи чекор кон освојување на медал.
    
Од репрезентацијата за хокеј на трева тврдат дека и покрај тешките услови во кои се одржуваат тренинзите сепак хокеарите вложуваат максимум, се ентузијасти и го оставаат срцето на терен.

Најголем проблем за ова патување секако беа финансиите, но сепак одредена група на луѓе застанаа зад нашите хокеари и во целост го подржаа овој подвиг.

Од репрезентацијата изразуваат огромна благодарност до спонзорите кои им помогнаа да бидат дел од балканскиот шампионат.

Ohridnews