Македонска фудбалска репрезентација утрово со специјален чартер лет од охридскиот аеродром отпатува за Загреб каде утре во рамките на квалификациите за пласман на ЕП ќе игра со Хрватска.
Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Доколку ја повториме играта што ја покажавме на последните натпревари на гости ќе постигнеме добар резултат оптимистички најавува дефанзивецот Николче Новески. Очекуваме дека Хрватска ќе нападне од првата минута, но ние покажавме на изминатите натпревари дека знаеме да играме против силни репрзентации, вели Новески. Според него неиграњето на Митрески во одбраната ќе биде компензирано бидејќи Македонија има досата квалитетни дефанзици кои можат да го заменат.
Оптимист е и играчот за врска, Величе Шумуликоски. Хрватска е без пораз дома 30 натперевари, но можеби ние ќе сме тие кои ќе ја прекинеме таа серија, вели Шумуликоски. Сепак ќе биде тешко играме на гостински терен и против себе ќе имаме една жестока публика која силно ќе ја бодри Хрватска. Од играта на средниот ред ќе зависи во најголем дел развојот на настаните. Подготвени сме добро но треба сите да трчаме и да се залагаме доколку сакаме да постигнеме услех, вели Шумуликоски.
Без проблми во здравствениот билтен, Катанец ке одбира помеѓу 20 играчи кои во изминативе 5 дена беа на мини подготвки во Охрид. Отворените места во одбраната на позициите леб бек и либеро Катенец не сакаше да открива кој ке ги пополни,но најави дека нема изненадувања и дека натпреварот ке го добие покомпактниот и поагресивниот тим . Нема да отстапиме од концепцијата и филозофијата на игра која ја наметнуваме без разлика кој ке истрча на теренот, она што се менува е само името на играчот. На Максимир во стандардната 3-5-2 се очекува да истрчаат: Николоски на голот, Седлоски А.Митрески и Новески во одбраната, на страничните позиции Васоски на левата и Лазарески на десната, во средината Јанчевски и Шумуликоски , Панедв Наумоски и Мазнов
Подготвките на хрвтската репрезентација не течеа во посакуваниот редолсед за Билиќ. По снегот во базата Чатез, мораа да се вратат на Максимир. Петриќ дефинитивно ќе го пропушти натпреварот со Македонија. Од поодамна повреден е Роберт Ковач, а на ситни повреди се жалат Шимуниќ и Шимиќ кои сепак ке се најдат меѓу стартерите . За Хрватска која е фаворит на овај натпрвар во 4-4-2 формација би требало да настапат: Плетикоса на голот Чорлука, Шимиќ, Шимуниќ, Бабиќ ,-Крањчар , Модриќ, Ковач, Рапаиќ – Едуардо и Балабан.
Иако Македонија е аутсајдер за саботниот меч, евентуалната победа на фудбалерите во црвено-жолти дресови парично ќе вреди речиси двојно помалку од тоа што ќе го добијат домаќините. Ако Македонија направи изненадување и слави во Загреб, репрезентативците како награда ќе добијат по 3.000 евра. Ако Македонија се врати непоразена од „Максимир“, односно одигра нерешено, репрезентативците ќе добијат премија од по 1.500 евра за бодот од Загреб. Хрвтатските репрезенттивци за победа ќе добијат 5.000 евра.
Натпреварот Хрватска-Македонија се игра на стадионот Максимир во Загреб со почеток во 20:15(директен пренос А1 телевизија). Натпреварот ќе го суди авсатрискиот судија Конрад Плауц.
Г. Момироски
М. Постолоски