Макдонската фудбалска репрезентација од недела ќе се подготвува во Охрид пред претстојниот квалификациски натпревар со Хрватска што ќе се одигра во Загреб. Репрезентацијата ќе биде сметсена во х. Инекс, а тренинзите ќе ги работи на “Билјанини извори“
Во изборот на селекторот Катанец за дуелот со Хрватска се најдоа 19 кандидати, меѓу нив и Александар Васоски (Ајнтрахт), Мирослав Вајс (Работнички К.) и Ацо Стојков (Дебрецин), кои се повратници во репрезентацијата. Покрај нив во тимот се и стандардните Јане Николоски, Томе Пачовски, Гоце Седлоски, Николче Новевски, Владе Лазаревски, Игор Јанчевски, Величе Шумуликоски, Дарко Тасевски, Алесандар Митрески, Влатко Гроздановски, Артим Положани, Горан Пандев, Горан Мазнов, Илчо Наумоски и Стевица Ристиќ.
Репрезентација ќе биде комплетна дури во вторник, на 20 март, кога последен пристигнување пријави Александар Митрески. Репрезентацијата за Загреб ќе отпатува од аеродромот во Охрид.