Македонската фудбалска репрезентација вчера го започна собирот во Охрид пред натпреварот со Хрватска, кој се смета за клучен во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Дел од репрезентативците пристигнаа вчера, а поголемиот дел се очекуваат денеска. Денеска треба да пристигне и Горан Пандев кој синоќа настапи за својот Лацио во победата над Емполи.


Пандев во акција во дресот на Лацио

Репрезентативците ќе бидат сместени во хотелот „Инекс“, а ќе тренираат на СРЦ Билјанини извори во два термини, во 10 и 16 ч. Во репрезентацијата недостига само Игор Митрески кој е повреден, а дилемата кој ќе го заземе неговото место во одбраната, инаку најдобриот дел од тимот во овие квалификации, можеби селекторот Катанец ќе открие во среда за кога е закажана и првата прес – конференцијата пред мечот со Хрватска што ќе игра во Загреб.