Селекторот Чедомир Јаневски во неколку наврати бараше мир од навивачите на Македонија и да не се крева еуфорија, но на репрезентацијата му се случи најлошото да патува со навивачи од противничкиот табор.
Според Мкд.мк белгиските навивачи биле коректни, а најпопуларен во автобусот бил капитенот на селекцијата, Горан Пандев.
Македонија натпреварот со Белгија го игра вторник со почеток во 20:45 часот.