Без капитенот, Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Гоце Георгиевски, но со новопечениот репрезентативец Ренато Вугринец, голема самодоверба и атмосфера како никогаш досега селекција на Македонија во Охрид ја започнаа мисијата за Светското првенство во Катар следната година.

– Не случајно го одбравме Охрид за дестинација за подготовките во рамките од неделата на ЕХФ. Тука ќе одработиме едни мини лесни подготовки, а повеќе акцент ќе ставиме на дружењето и ќе ги регенирараме сите ракометари кои имаат тешки натпревари во Лигата на Шампиони – рече селекторот Ивица Обрван.

Под посебен режим тренираа Вугринец и Ванчо Димовски кои заработија полесни повреди на дуелот со данскиот Колдинг во Лигата на Шампиони.

Репрезентативците ќе имаат по два тренинга дневно, а во Охрид ќе се задржат до в недела кога заминуваат од градот под Самоиловите тврдини.

Мх.П.