Македонските фудбалски репрзентативци пристигнаа во Охрид каде во наредните неколку дена ќе се подготуваат за одлучувачките натпревари во циклусот за пласман на СП 2010 година во ЈАР. На првата прозивка во Охрид се појавија осум репрезентаивци. Седлоски, Наумоски, Алими, Мојсов, Митрески, Петров, Гроздановски и Стојков.


Дел од репрезентативците ќе пристигнат во текот на денешниот ден, додека последен во вторник ќе пристигне Славчо Георгиевски од Кореа.

Репрезентативците во Охрид ќе останат до четврток 3 септември, а до тогаш Јонуз ќе има можност да ги корегира недостатоците во нашата игра.Денес ќе тренираат во попладневниот термин од 17 часот, додека во вторник и среда ќе има по два тренинга и тоа од 9.30 и 17 часот.


На денот на заминување во Глазгов црвено – жолтите ќе имаат еден претпладневен тренинг, а во 17.45 од охридскиот аеродром ке заминат за Шкотска.

М.П.