Македонските ракометари рано утрово отпатуваа за полскиот град Гдањск каде ќе ги играат квалификациите за Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Селекторот на Македонија, Ивица Обрван по последниот тренинг го скрати списокот од кој отпадна голманот Даниел Дупјачанец.
„Црвено жолтите“ првиот меч од квалификациите за Олимписките игри го играат против Полска в петок во 20:30 часот, а потоа следуваат дуелите со Тунис и Чиле во сабота односно недела во 18 часот.
Списокот:
Голмани: Борко Ристовски и Никола Митревски.
Лево Крило: Дејан Манасков и Гоце Ојлески.
Десно Крило: Гоце Георгиевски и Никола Костески
Лев Бек: Наумче Мојсовски, Филип Талески и Филип Кузмановски.
Среден Бек: Филип Миркуловски, Немања Прибак, Аце Јоноски и Велко Маркоски.
Десен Бек: Кирил Лазаров и Влатко Митков.
Пивот: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски.
OhridNews