Македонската ракометна репрезентација ги заврши седумдневните подготовки и заминува од Охрид. Припремите „црвено жолтите“ ќе ги продолжат во Скопје од каде ќе отпатува на првиот меч со Грција, кој е закажан за седми јуни во Атина.
Репрезентативците предводени од селекторот Ивица Обрван во Охрид ги започнаа подготовките за бараж двомечот со Грција за пласман на Светското првенство во Катар.
– Во Охрид успеавме во нашата намера, а тоа беше да ги одмориме играчите по напорните сезони во клубовите и да ја одржиме атмосферата во репрезентацијата. Влогот голем, а ние сме подготвени за предизвикот, кој ќе го прифатиме со две раце – рече селекторот Обрван.
По пристигнувањето во Скопје на селекцијата ќе и се придружи капитенот Кирил Лазаров, кој поради клупските обврски ги пропушти подготовките во Охрид.
Мх.П.