– Нормално е да бидеме по мотивирани кога се играат натпревари со нашите соседи. Долги години бевме заедно, се што правевме порано беше заедничко затоа и дерби средбите со соседите се играат со посебен мотив – порача Јаневски.
Во првите два натпревари од групата Македонија претрпе пораз од Хрватска 1-0 и ремизираше на “Хемпден Парк“ со Шкотска 1-1.
– Тоа беше несреќен пораз. Хрватите искористија една од двете шанси додека ние промашивме многу а и немавме среќа. Пандев погоди пречка, имаше и пенал над него, имавме и една статива кога ќе се собере ова Хрватска не ја демонстрираше силата против нас – посочи Јаневски.
Селекторот на македонската репрезентација Јаневски очекува дека националната арена “Филип Втори“ ќе биде исполнета до последното место и дека тоа ќе претставува ветар во грбот на македонските репрезентативци.