Среќата ни се насмевна, добивме посакувана група во и сега се од нас ќе зависи. Со добри подготовки можеме да бидеме најпријатното изненадување на шампионатот.
–
Добивме посакувни противници, да се разбереме нема слаби селекции на Европското првенство, но во секој случај мора да бидеме задоволни од ждрепката. Сигурно дека Чешка е селекцијата против која ќе ја бараме нашата шанса. Сигурно дека и тие се задоволни што не добија нас за противник. Носителот во нашата група, Германија е селекцијата против која може да се носиме и да се надеваме на победа, Шведска е селекција во подем и исто така не е противник од кој треба да стравуваме – смета пивотменот Ванчо Димоски.
Најдобриот македонски ракометар за минатиот век Пепи Мансков, е оптимист дека можеме да ја минеме прелиминарната група и да се најдеме во главната фаза во Белград.
– На хартија коцките се поклопија, останува да видиме што ќе се случува на терен. Како играч се концентрирав натпревар за натпревар и тие треба да се подговтват така. На мечот со Шведска очекувам да дадат 200 % и уште тогаш да се отворат картите – рече Манасков, при гостувањето во МТВ по ивлекувањето на групите
Селекторот Шундовски потенцираше дека е задоволен од ждребот и дека добивме репрезентации со кои може да се надигруваме
– Добар е распоредот, имаме одлична можност да постигниме што е можно подобар успех, а тоа е пласман во вториот круг – истакна Шундовски.
М.П
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com