Македонските ракометни репрезентативци го поддржаа и збогатија хуманитарниот хепинг, кој се одржа на градскиот плоштад под мотото “Заедно за еден детски живот”, а го организираше охридската медиумска заедница.
Собраните средства од хуманитарниот хепенинг ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче на кое му е потребна итна операција во Кина, која чини 35.000 евра.
Заинтересираните граѓани кои сакаат да донираат средства можат да го направат преку својот мобилен телефон на броевите :
ОNЕ – 075 143 113
ВИП – 077 143 155
Т-mobile – 070 143 105
Или на следнава жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка
Ohridnews
фото : Ohridtimes