Македонската ракометна селекција ги заврши подготовките во Охрид, кој место шест траеја четири денови.

– Подготовките во Охрид ги искористивме максимално за дружење и полнење на батериите на ракометарите. Немавме некои потешки тренинзи,туку фитнес колку да се одржат ракометарите во тренажен процес – рече селекторот Ивица Обрван.

Целата ракометна експедиција имаше патување со брод низ Охридското езеро и посетување на Свети Наум.

Оние репрезентативци кои доаѓаат од Вардар и Металург а ги има многу сигурно ќе дојдат пак во Охрид (17-18 мај), кога се игра завршницата од Купот на Македонија.

Мх.П.