Поранешниот репрезентативец и член на Металург, Милан Левов, на стартот од подготовките за продолжението од Супер лигата му се приклучи на охридскиот ракометен состав.
Левов во друштво на охридските ракометари одлично закрепнува од повредата на десното колено, која од теренот го оддалечи речиси две години.
27-годишниот ракометар ќе ги одработи целосно подготовките со Охрид, а потоа во зависност од ситуација со повредата ќе се одлучи дали ќе ги засили охридските сини.
– Тренирам и не чувствувам болки, но се уште е рано да кажам дали 100% ќе бидам подготвен за настап. Прво да ја санирам повредата, а потоа ќе седнам со управата да се договориме за условите – рече Левов.
За квалитетите на Левов не треба да се зборува бидејќи тој беше дел од македонската селекција на Светското првенство во Шпанија.
Мх.П.