Ракометниот клуб Вардар 1961 во финишот од оваа сезона полека ги мести коцките за следната во која ќе има задача да се претстави во подобро светло во Лигата на Шампиони и да биде на исто ниво во македонскиот клупски ракомет.
По тој повод, скопските „црвено црни“, активно работат на трансфер пазарот, ангажирајќи ракометари, кои се неопходни за остварување на целта. Вардар екипата ќе ја засили со репрезентативно трио од Египет. Тројцата „фараони“ треба да бидат сериозна опција за „вардарци“, кои секогаш атакуваат на највисок пласман. Се работи за голманот Мохамед ел Тајар и браќата Јехија и Сеиф ел Дера. Ел Тајар е голман, додека браќата Ел Дера делуваат на средната и левата бековска позиција.
Досега Вардар ги потврди договорите со шпанскиот десен бек Едуардо Гурбиндо, српското десно крило Дарко Ѓукиќ, голманот Мартин Томовски, хрватскиот лев бек Анте Кудуз, како и полското лево крило Јан Чувара. Од оние на кои им истекуваа договорите на лето, потврдени се новите соработки со Тимур Дибиров и Филип Талески.
OhridNews