Капитенот на македонската фудбалска селекција Томе Пачовски, Стефан Спировски и Дејан Блажески се нови фудбалери на есенскиот првак Вардар.


Засилувањата најтрофејниот клуб во Македонија го одбрале поради добрата организираност и идните планови кои се учество во Лигата на Шампиони.

Со овие три засилувања „црвено црните“ треба да се „прошетаат“ до титулата во Првата лига, која ќе им обезбеди пласман во квалификациите од ЛШ.

Мх.П.