Женската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз 31-24 во двомечот со Русија во квалификациите за Европското првенство на крајот од 2014 година.

Она што радува во овој пораз се мотивот, желбата и не респектирањето на противникот особено во вториот дел, кој Македонија го доби со 15-13.

Русинките благодарание на разликата стекната во првиот дел (18-9) го „зграпчија“ целиот плен и во вториот натпревар со Македонија.

Со двете победи над македонките селекцијата на Русија обезбеди пласман, а само теорија ја води репрезентацијата на Македонија на ЕП во Унгарија и Хрватска.

Фото : „Спортмедиа.мк“

Мх.П.