Повремениот македонски репрезентативец Милан Левов ќе го засили ракометниот клуб Охрид потпишувајќи договор до крајот на сезоната.


Левов, кој беше поврзуван со трансфер во Зомимак ги започна зимските подготовки со охридските ракометари, но замина откако не најде заеднички јазик со управата.


После вторите преговори Левов пушти рака со охридската управа и ќе преставува големо засилување за екипата во продолжението од сезоната.

– Со ова засилување покажуваме дека имаме сериозен концепт и визија за клубот. Многу ми е мило што токму нас не одбра Левов, покрај понудите од другите екипи. Тој со неговите квалитети треба да биде предводник на екипата во остварување на главните цели пред стартот на сезоната. – рече за Ohridnews, првиот човек на клубот Димитар Спасески.

Десниот бек Левов е второто засилување за охридските сини по ангажманот на корпулентниот ракометер Мите Караиванов.

Мх.П.