Ракометарот на Охрид, Мартин Ивановски е дел од поширокиот список за квалификациските мечеви на Македонија против Светскиот првак Данска, за пласман на Европското првенство следната година.

Повикот од новиот селектор Кирил Лазаров е награда за досегашниот труд и успех, но и голем исчекор во кариерата на Ивановски, кој е плод на охридската ракометна школа. Покрај Ивановски на списокот се наоѓа и Михајло Младеновиќ, кој зимава го засили тимот на Охрид.

Селекторот Лазаров во селекцијата го врати Филип Миркуловски и Дејан Манасков, кој го пропушти последното Светско првенство во Египет. Лазаров го официјализираше и стручниот штаб. Во него се наоѓаат Бранислав Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенковска.

  • Списокот:

 

OhridNews