Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Даниел Котевски е првото засилување за охридскиот фудбалски клуб во летниот преоден рок.

Охрид со прилепскиот голман ја официјалираше соработката која ќе трае најмалку една година и започна со финално екипирање на ростерот за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига.

„Рибарите“ подготовките за настапот во Втората лига ќе ги започнат в среда а до тогаш ќе ги претстават новите засилувања кои ќе му се приклучат на екипата.

Второлигашките возбудувања почнуваат на 24 август, а Охрид свој претставник ќе има по пауза од седум години.

OhridNews