ФК Шкендија соопшти дека постигна договор со крилниот напаѓач Кире Маркоски, кој ќе биде петто засилување за тетовскиот клуб. 26-годишниот охриѓанец потпишал договор со времетраење од 1,5 година.

Желбата на секој играч кој настапува во домашниот шампионат е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што денеска потпишувам со Шкендија, бидејќи Шкендија создава многу силен тим кој има за цел да ја освои титулата шампион и да ги бележи следните успеси во европските натпреварувања. Мислам дека во Шкендија ќе можам уште повеќе да се развивам како фудбалер. Едвај чекам да почне првенството за да го дадам максимумот и заедно со соиграчите да го постигнеме следниот успех за Шкендија, изјави Маркоски, кој веднаш по потпишувањето на договорот се приклучил на тимот во тренинг кампот во Анталија, Турција.

Кире Маркоски во есенската полусезона беше дел од Шкупи, додека во професионалната кариера настапувал и во Работнички, АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава и Академија Пандев.

OhridNews