Репрезентацијата на М.Т.Т.Ф од денес до 4 мај ќе земе учество на Европското првенство во Талин, Естонија. Десет членови ќе ги бранат боите на Македонија, меѓу нив Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф и национален тренер црн појас V дан, Зоран Парулески, потпретседател на М.Т.Т.Ф, Даниел Крстески, претседател на дисциплинска комисија на М.Т.Т.Ф, Давид Велковски, Меѓународен лиценциран судија црн појас II дан и шест натпреварувачи, Христијана Парулеска, Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Миа Танеска, Марио Крстески и Владимир Димитриевиќ.

Репрезентацијата беше испратена од градоначалникот на Oпштина Охрид, Кирил Пецаков, кој им посака среќа и успех и изрази желба повторно да се вратат со успех како и од претходните Европски првенства.

Учесниците на репрезентацијата со посетата на градоначалникот Пецаков добија додатна мотивација за претставување на боите на нашата држава и изразија спремност да дадат се од себе, за да можеме повторно да се гордееме со нив. Оваа вест ја пренесува важноста на поддршката за спортските тимови и мотивирањето на спортистите, особено кога станува збор за претставување на земјата на меѓународни натпревари. Добро е да се види дека градоначалникот Пецаков, активно се ангажира и им дава поддршка на спортските тимови. Поддршката од локалната власт, спонзорите и Министерството за спорт е клучна за успехот на репрезентацијата, изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски кој воедно сака да се заблагодари на Градоначалникот на Општина Охрид за неговата подршка, на генралниот спонзор ПН МЕТАЛ и на Министерствот за спорт.

Боите на Македонија како учесници ќе ги бранат:

• Христијана Парулеска, црн појас I дан, ќе се натпреварува во јуниорки 16-17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 58 кг. – Пехар за најдобра кадетка во Европа Јесоло 2023 – Европски Шампион во спаринг борби Јесоло 2023 – Европски вицешампион во форми(борба со замислен противник) Јесоло 2023 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022 – Светски Бронзен медал во спаринг борби Светско првенство од Астана Казахстан 2023 – Европски Сребрен медал во спаринг борби Европски куп Софија, Бугарија 2024 – 5 место во спаринг борби Европско првенство Копер, Словенија 2024 – Државен првак во борби и форми.

• Давид Крстески, црн појас I дан, ќе се натпреварува во јуниори 16-17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 63 кг. – Европски Златен медал во спаринг борби Европски куп Софија, Бугарија 2024 – Бронзен медал во спаринг борби Европско првенство Копер, Словенија 2024 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022 – Европски брозен медал во форми (борба со замислен противник) Римини 2019 – 5 место во форми(борба со замислен противник) Светско првенство од Астана Казахстан 2023
– Државен првак во борби и форми.

• Божидар Димитриевиќ, црн појас II дан, ќе се натпреварува во сениори 18 -35 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби -85 кг.
– Европски Сребрен медал во спаринг борби Европски куп Софија, Бугарија 2024 – Бронзен медал во спаринг борби Кинг оф Таеквон-до Солун, Грција 2024 – 5 место во спаринг борби Светско првенство Пловдив, Бугарија 2019 – Државен првак во борби и форми.

• Миа Танеска, црвен појас, ќе се натпреварува во кадетки 11-13 години во две дисциплини, форми за црвен појас , борби + 55 кг. – Европски Златен медал во спаринг борби Европски куп Софија, Бугарија 2024 – Златен медал во форми(борба со замислен противник) Кинг оф Таеквон-до Солун – Државен првак во борби и форми.

• Марио Крстески, црн појас I дан, ќе се натпреварува во сениори 18-35 години во спаринг борби – 58 кг. – Бронзен медал во спаринг борби Кинг оф Таеквон-до Солун, Грција 2024 – Државен првак во борби.

• Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпреварува во јуниори 16-17 години во спаринг борби – 69 кг. – 5 место во спаринг борби Европско првенство Јесоло 2023 – Државен првак во борби.

OhridNews