Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во тек е информативното патување на екипа од емисијата Килиманџаро која се прикажува на италијанскиот национален ТВ канал RAI 3.
Претставниците од “Pandataria Film”, продукциската куќа ги посетија Скопје и Охрид, во рамките на серијалот Европски престолнини, а наредниве денови репортажа ќе се снима и во Маврово, информираат од АППТ.
Килиманџаро е телевизиска програма што се емитува секоја недела попладне на националниот ТВ канал “RAI 3” која содржи документарни патувања снимени во сите делови на светот. Во текот на програмата дефилираат и ликови од филмот или од светот на културата. Програмата е присутна од 1998 година и досега е една од најпопуларните ТВ-програмски станици во Италија и пошироко. Килиманџаро има публика од 3 милиони гледачи на возраст од околу 35/50 години.
Реализација на информативните патувања кои се дел од програмските активности на Агенцијата за туризам се одлична алатка за промоција на најубавото и најавтентичното од земјава, со цел поголема видливост на Северна Македонија како туристичка дестинација.
OhridNews