Во престижното словенечко туристичко списание „Ревија Хоризонт“ објавена е репортажа за Охрид на осум страници. Списанието се дистрибуира во Словенија и во земјите од регионот.
Ваквата објава во списанието следува откако, претставници на туристички агенции, туроператори и медиуми од повеќе земји од Европа, меѓу кои и Словенија, присуствуваа на промотивната тура „Охрид 2015“ која се одржаа оваа година од 3 до 4 април.
Гостите, во рамки на турата, ги посетија културно историските и туристичките локалитети во градот, а се запознаа и со можностите за рурален туризам и алтернативен туризам.
Репортажата за Охрид во „Ревија Хоризонт“ е насловена „Охрид, Балкански Бисер“ .
OhridNews