На пет страници во престижното хрватско списание „Цроатион Травеллер“ е објавена репортажа за Охрид со наслов „Безвременска љубов, езеро и љуѓе“. Покрај репортажата во истиот број е објавено и интервјуто на градоначалникот Никола Бакрачески, дадено за хрватското списание.

Ваквите промоции на Охрид во странските медиуми, се реализираат според претходно подготвената програма за развој и унапредување на туризмот која ја изготви Секторот за туризам и локален економски развој.

OhridNews