Туристичката групација Let’s Travel годинава реши да oтпочне еден нов проект  кој го нарече „Северен Кипар“. Дестинација која до сега не е освоена од  македонските туристи, а има многу што да биде освоено и покорено. Дооолги  песочни плажи, перфектна клима, ендимски животни и растенија, бистра  морска шир, огнени и бескрајни зајдисонца, место каде што сонцето грее 360  дена без престан.

И додека животот ни тече брзо и динамично кој ни се пролизгува како ситен песок низ прстите, Let’s Travel за Вас создаде една приказна поволшебна во  денешно време дури и од 1001 ноќ. Ајде ЗАЕДНО да изчезнеме од урбаниот  живот, телефонските повици и одговарањето на мејлови, да одлетаме од новиот аеродром и да се упатиме кон 3-тиот најголем остров на Медитеранот, и да уживаме во културата која ја опишал големиот Шекспир, да уживаме во архитектурата во која свој дел има и лично генијалниот Леонардо да Винчи, во традиционалниот мелос и фолкор, во автентичната кујна на Кипар.

Северен Кипар е дефиниција за вистински одмор како од учебник – долги и мирни песочни плажи, палми, тиркизно плаво море, барови на плажа и релаксирачка музика. За тие со темпераментен дух, тука се надалеку познатите клубови кои секое лето се организираат концерти на големите ѕвезди од калибарот на Анастасија, Џеј Ло, Горан Бреговиќ, Таркан, казина кои работат 24 часа и се своевидна копија на Лас Вегас, адреналинските летни спортови како нуркање, џет скии, банџи џампинг…

Турските хотели и угостители со нетпрение чекаат да пружат врвна услуга на  македонските пријатели-туристи. Тика можат да се искусат екстрагавантните хотелски  капацитети со 5* и огромните можности за забава за целото семејство. Или пак  за оние кои сакаат да се чувствуваат како дома – прекрасните дизајнирани апартмани во комплекс со базени, супермаркети…

Како дополнителна услуга што Let’s Travel ја нуди е комплетна 24-часовна организација. За сите патници агенцијата подарува СИМ Картички со кипарски број за да испратите пораки дека таму е рај,  дружење со познати глумци и пејачи кои ќе Ви го претстават Кипар од поинакво место, ќе Ви го доловат духот на островот, скриените катчиња и недопрената природа која Бог ја сликал со векови.
 
Северен Кипар со гордост може да се пофали со кристално чисти плажи кои  тешко може да се најдат на друго место на Медитеранот, прекрасно крајбрежје  кое може да понуди разни активности и уживања на туриститте. Овде секој  може да го пронајде своето катче – од релаксирање на големите песочни плажи  кои се измислени за опуштање и релаксација со палми и тишина, до оние кои  сакаат да уживаат во урбанизираните плажи со барови во дел од големите  хотелски комплекси…Храната е приказна сама за себе – од специфичните  сирења кои се произведуваат само на овој остров до вкусните специјалитети на  скара подготвени со најегзотичните зачини и мириси од Кипарската кујна.  Белите вина се уникатни и далеку познати и се заштитен знак на овој остров – се  чувствува мирисот на медитеранското море.

Шекспир, Афродита, Ричард Лавовско срце, Да винчи …. како сите овие личности се поврзани со Северен Кипар?

Северен Кипар има вкупна површина од 3.355 километри квадратни каде живеат околу 265.100 жители. Главен град во државата е Левкозија, официјален јазик е турскиот јазик и најголема религија е Исламот.

Северен Кипар се протега од полуостровот Карпас на североисток од државата, па потоа западно по заливот Гузелјурт и р’тот Кормакитис и на југ селото Аканџилар. Најзападна точка на државата е ексклавата Еренкој.

Фамагуста – едно од најпознатите туристички места на С.Кипар или уште  попознат како заспаниот град Фамагуста, локално познат Газимагуша,  некогаш бил прометна пристанишна порта, главен трговски центар на  кралската фамилија Лусигнани и место за одмор на крстоносците на Ричард  Лавовско Срце. Поголемиот дел од ѕидините на античкиот град се недопрени и  автентични, со две оригинални градски порти(се претпоставува дека самата порта е нацрт и изум на генијалниот Леонардо Да Винчи) и извонредната цитадела позната  како Кулата на Отело, од каде што, според преданието, Шекспир ја црпел  својата инспирација. Дури постојат легенди дека и самиот Шекспир  престојувал на овој дел од островот и оттука ги има напишано најпознатите  свои дела. Во близина се наоѓаат рушевините од античкиот римски град  Саламис, за кој се верува дека е основан од Теуцер, на враќање од Тројанската војна. Во рушевините се наоѓаат бањи, огромен амфитеатар и мозаици, кои се меѓу најимпресивните такви градби во Медитеранот. Околината на Фамагуста, исто така, е прочуена и по златните песочни плажи, кои со километри се протегаат долж брегот.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА —>Според легендите Афродита – грчката божица на убавината е родена токму во делот на С. Кипар и произлегла од морската пена…На ова место според поетесата Сафо се бањала и подготвувала за својата венчавка. Афродита уште била позната и по името Кипрјанка…одлично место за  посета ова лето.

OhridNews