Лето е вистинско време за откривање нови места и опуштање во природа. На 15 километри од Охрид на патот за Битола, во подножјето на селото Куратица се наоѓа рибникот – ресторан „Рајска долина“. Мирно, живописно место, внимателно и со стил уредено во „Рајска долина“. Ако го посетите ќе се уверите и самите зошто ова место е рајски убаво.
Сместенo во раскошна природа, покрај Голема Река (Коселска), ова место плени со амбиентот кој го разубавуваат неколку големи езерца во кои се одгледува автохтона охридска пастрмка, крап и подмладок на речна пастрмка.
Околу езерцата има летниковци, тераси и ресторан каде се служат исклучиво специјалитети од риба по прифатливи цени, и се разбира добра услуга. Сето тоа надополнето со свеж планински воздух и звуци од природата опкружена со вода.
„Рајска долина“ ја разубавуваат птици кои се шетаат во и покрај езерцата полни со риба.
За најмладите изградено е детско катче со најразлични забавни реквизити, а на околу има убаво уредени паркови со интересни детали и широчина за игра и уживање.
Доколку уживате во природа и рибни специјалитети и барате мир од градската врева, посетете ја охридската „Рајска долина“ која е отворена за посетители од пладне до вечер.
OhridNews
Фото: Емилио