Од мало, живописно гратче   Банско  прерасна во  главен зимски ски- центар на Балканот. Накитен со прекрасни стари дрвени куќички, со тесни калдрмени улици, мали плоштади и мноштво кафулиња, ликсузни хотели и ресторани  градот во соседна Бугарија,  кој е под заштита на УНЕСКО во зима дневно освојува  преку 5000 туристи.


Банско е град  распослан на Пирин планина со цели 75 километри професионално подготвени патеки  на располагање на љубителите на зимските спортови, а  25 те километри модерни лифтови удобно и брзо ги транспортираат гостите.

Зимата во Банско е загарантирана, ако не падне снег, тогаш тука се 250 топови кои ќе ги покријат стазите со вештачки снег. 


Најбројни се гостите од Грција, Романија, Русија и Англија  но последниве години поради пристапните цени расте бројот на туристи од Македонија.

-Близината, голф терените, спа центрите и  пристапните цени се дел од причиниte што Mакедонците се повеќе зимуваат па дури и летуваат во Банско,  истакнува Елида Битрак од ТА „Елида турс“ Охрид.


Елитните хотели на “Бугарија Холидејс” –  “Катерино спа”,” Пирин голф спа”, “Разлог” и “Бугарија” на гостите им нудат иделани услови за незаборавен одмор и рекреација.

Туристите  после скијање и зимски спортови, може да одмараат во луксузните спа центри со финска, турска, ирска,  планинска и инфрацрвена сауна, затворени и отворени базени со термална вода,  хидротерапевтна лежалка, жежок камен, ледена фонтана, топли лежалки, лакониум, ароматична парна бања, чудни тушеви,фитнес центри и уште многу други анимации.


– Прекрасно е во оваа природа, чист воздух и спорт. Особено е прекрасна топлината од хотелите со базените со минерална вода и сауните,  велат гостите.


Последнава деценија Банско доживеа инвестициона експанзија. Најголемите инвеститори се од Русија и Англија. Никна мега  ресорт центарот  Пирин голф спа,  кој чини  100 милиони евра. Покрај луксузните хотели,  апартмани, бутици, фризерски салони  и ресторани  тука има три вештачки езера и најголемиот голф терен на Балканот.



– Пирин голф е цел град , екстра луксузен комплекс  надвор од градот. Тое е место каде што се изградени  најголемите голф терени и најголемиот  спа центар со минерална вода  на Балканот. Со врвната услуга и вкусна храна може да го задоволи вкусот  на сите гости,
  вели Петар Зајков менаџер на Пирин голф спа.


Банско брои   9000 жители а,  годишно го посетуваат преку половина милион туристи. Џез, фолклорни и театарски  фестивали, пливање, јавање коњи, голф, тенис и уште многу анимации се причината што зимскиот центар има посетители преку целата година.

Малото гратче на Пирин планина, кое  пред две години  се закити со титулата топ ски-дестинација на Балканот е познат и по добро зачуваната традиција, оригиналната култура и врвните кулинарски специјалитети.