Ако сакате да го посетите нашето најмало и најјужно езеро и да ја почувствувате медитеранската клима, најдобро е во Дојран да отидете во втората половина на август. Тоа е период кога цветаат алгите во Дојранското Езеро и кога тоа е најлековито. Тогаш доаѓаат и најмногу туристи, а посебно семејства со мали деца да го зајакнат имунитетот и да ги излекуваат синусите и крајниците. Тие  пак кои ги мачи реума и слични проблеми можат да го користат благотворното дејство на лековитата дојранска кал.


топол пречек


Поради цветањети на алгите…


…на моменти водата е зелена


лековита кал

После долг сушен период, водата повторно се враќа во езерото, се ревитализираат плажите, а рибарите се враќаат во Дојран. Во ова најмало, но најбогато со риба езеро секојдневно се лови сом, крап, костреш, црвеноперка. Свежата риба по многу пристапни цени може да се вкуси во локалните ресторани.


некогаш езерото било многу поголемо


со враќање на водата се вратија и туристите


уживање од височина


дојрански рибари

во локалните ресторани…

…вкусни специјалитети од риба

Природата овде е многу дарежлива. Топлата клима  овозможува изобилство на медитерански растенија во дворовите на дојранчани. На секој чекор виреат калинки, смокви, но сретнавме и маслинки со извонреден квалитет.


дојрански маслинки

Кога ќе го напуштите Дојран со себе ќе понесете дел од топлината на езерото и луѓето, а длабоко некаде и уверувањето дека барем уште еднаш морате да се вратите.

Ohridnews