Реплика од вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон станала најпродаван артикал во продавниците на “Marks & Spencer”, а може да се набави по цена од 20 евра. Кога принцот Вилијам ја запросил Кејт, светот бил воодушевен од прстенот со син сафир од 18 карати, обложен со дијаманти, кој некогаш и припаѓал на принцезата Дајана. Продажбата започнала во март, а во просек го купувале 200 жени неделно.
Дизајнерката Кејт Кроси рекла дека иако кралската венчавка одамна поминала, купувачите сеуште се држеле кон кралскиот тренд. Копија од истиот прстен претходно направил и кинескиот произведувач на накит „Џу Мингванг“, кој осмислил четири верзии со скапоцени камења од различни бои.