Првата рентакар агенција во Охрид „Escape“ ја збогати исклучително квалитетната понуда со нови возила, кои деновиве беа ставени во употреба.

Рентакар „Еscape“ подготвува и големо изненадување за сопствениците на апартмани и вили за издавање во Охрид. Имено, во месец мај „Еscape“  започнува голема промотивна кампања, што ќе ја збогати туристичката понуда на Охрид на задоволство на гостите кои ќе престојуваат во градот. Се што треба да направат опствениците на апартмани и вили за да бидат дел од големиот проект на рентакар „Еscape“, е да ја „лајкнат“ Фејсбук страната на агенцијата за изнајмување возила, со што нивните гости стануваат потенцијални добитници на вредно изненадување, но тоа не е се…. Ќе има и уште изненадувања.

Единаесет години рентакар „Еscape“ е лидер на пазарот во регионот во својата област. Располага со современи патнички автомобили од висока средна класа, скутери и маунтинбајк велосипеди. Агенцијата возниот парк го обновува секоја година на задоволство на илјадниците клиенти кои ги користат услугите на рентакар „Еscape“.

OhridNews