Единствено нема да подржуваат неонацистички ставови, сето останато е доволна причина за професионалните најмени демонстранти да го кренат својот глас и да протестираат. За услугите на рент-а-демострант цената е околу 150 евра на ден (може и пазарење по „парче“ демонстрација).

Околу 300 млади и способни луѓе во Германија се нарекуваат себеси професионални демонстранти и своите услуги ги рекламираат со детален личен опис и релацијата на која се достапни. Својот идентитет тешко го откриваат како би биле што повеќе посветени на своето „занимање“ и како би биле што поавтентични.

Портпаролот на популарната erento.com, страница на која се рекламираат рент-а-демонстрантите, потврдил дека побарувачка дефинитивно постои. Шест часа носење протестен знак и извикување слогани ќе ги чини изнајмувачите околу 145 евра, па иако за многу германски коментатори е жалосен фактот дека и демократијата е на продажба, мора да се признае дека денес СЕ` е на продажба.

Само би додале дека вакво „занимање“ кај нас е одамна измислено. Прашајте во која било партија.

С.Костоски