Реновиран Одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид. Со зафатот, како што информираат од Болницата, било опфатено осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија.

Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти како од нашиот град така и од регионот, кои добиваат амбулантска и интрахоспитална нега. Преку реализација на овој проект се подобруваат квалитетот на здравствените услуги и условите за работа, се намалува ризикот за интрахоспитални инфекции и се зголемува енергетската ефикасност, посочуваат.

Вкупната вредност на проектот изнесува 4.500.000 денари, а средствата се обезбедени од сопствена и од донаторска сметка.

Инаку, Одделот последен пат одделот бил реновиран во 1978 година.

OhridNews