„Галеб“ (во позадина)
Во меѓувреме „Галеб“ беше преместен на спротивниот крај од каналот, но пак реакција. Пред неколку дена на трупот на бродот било правено т.н. „пескарење“ односно процес на луштење на старата боја и р`ѓата со помош на ситна песок и компресор. Целиот канал бил „побелен“ и со мрсни флеки. Во моментот кога го фотографиравме „Галеб“ имаше само мала белузлавост на водата околу бродот, а некои рибари ловеа во непосредна близина.
На педесетина метри оттука, на брегот (поточно на шеталиште) ја дотеруваат „Кристина“. Граѓаните кои ги затекнав тука рекоа дека „кога овој брод бил пескарен, не можело да се помине од облаци прашина“. Околу бродот, на тлото има слој од неколку сантиметри прашина.
„Кристина“
Да не бидеме погрешно сфатени. Никој не е против работа, реновирање бродови и спремање за нова сезона. Но, не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека кај нас владее правилото – СНАЈДИ СЕ. Односно „јас да си завршам работа, за другиве што ми е гајле“. Дали реновирањето значи и загадување на околината? Слушнавме и еден добар предлог – да се изгради или ископа уште еден помал канал, ракавец, каде би имало и некој вид сервис за кајчињата и бродовите. Зошто да не!
Спаско Костоски