Завршено е целосното реновирање на влезниот објект-портирница на ЈЗУ Општа Болница Охрид. Објектот, како што посочуваат од Болницата, бил изграден пред 50-тина години и се наоѓал во незавидна ситуација.
Во истиот се сместени вработените од службата за помошен технички персонал, односно портири и шофери на амбулантни возила.
Во иднина се предвидени повеќе вакви зафати којшто би допринеле за оваа установа да го добие вистинскиот лик како што доликува на најголемиот туристички центар во нашата држава, вели директорот спец. Д-р Горан Маркоски.
Инаку, проектот се рализира со донација од општествено одговорни компании и јавните претпријатија во Охрид кои дадоа свој придонес во реализацијата.
OhridNews